Дефанзивецот на екипата на Манчестер Јунајтед е главна тема во Англија, англиските медиуми сериозно се зафатија со темата „Рио“ и неговото неприфаќање да излезе со маица за поддршка за борба против расизмот.
Ферги упати јавна критика за Рио Фердинанд наведувајќи дека целосно го разочарал и за тоа ќе следат санкции.
Според пишувањата во Англија, екипата на Манчестер Јунајтед наводно планира да му ја намали платата на Рио, се претпоставува дека платата би му била преполовена.