Бо Мекејлеб забележа уште еден добар натпревар за екипата на Фенербахче, на натпреварот од Евролигата во дуелот со Олимпија постигна 17 поени, но, лошата вест е што нашиот репрезентативец се повреди на тој дуел.
Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб на натпреварот против екипата на Унион Олимпија од Љубљана постигна 17 коша, притоа забележа пет асистенции, но, нашиот репрезентативец го повреди зглобот и останува отворено прашањето колку време ќе трае паузата и дали воопшто ќе има пауза за Бо.
Фото:euroleague.net