Со натпреварот Севиља-Мајорка заврши осмото коло во Примера, екипата на Севиља го доби дуелот со 3-2.
Два во еден, така заврши натпреварот на „Рамон Санчез“ во обложувачкиот речник, натпреварот беше следен од 35.000 гледачи.
Први во водство дојдоа гостите преку Педро Бигас во 26-тата минута. Само три минути подоцна Негредо израмни на 1-1, но уште наредната минута повторно гостите преку Хемед дојдоа во водство овој пат од 1-2.
Во вториот дел се случи комплетен пресврт, домаќините преку Негредо во 56-тата минута израмнија на 2-2, а конечните 3-2 ги постави Сисињо во 74-тата минута.
Фото:www.marca.com