Во декември 2017 година, Моторола спроведе истражување на територијата на четири континенти во едни од највлијателните точки на технологијата во моментот – Бразил, Индија, САД и Франција. Истражувањето е глобално и во него се ангажирани истражувачи од највисоко професионално ниво во светот, а зад анализата стои брилијантниот ум и гуру во науката за изучување на среќата и светски TED Speaker, д-р Ненси Еткофф од универзитетот Харвард.Обработените резултати од пред неколку дена покажуваат дека 80% од активното население на возраст помеѓу 21 и 37 години за непријатни теми претпочита да разговара во писмена форма, наместо да разговара со соговорникот лице в лице. 76% од испитаниците од помладата генерација (16-20 години) признаваат дека се соочуваат со паника ако помислат дека го изгубиле телефонот. Во меѓувреме, повеќе од половина од испитаниците во оваа возрасна група (56%) велат дека нивната друга половина била љубоморна на нивниот смартфон. Речиси секој втор родител признава да му го дава својот мобилен телефон на своето дете за да си игра со него. 53% од помладите генерации го дефинираат нивниот мобилен телефон како најдобар пријател, а 19% го сметаат за своја сродна душа. 57% од испитаниците на возраст помеѓу 38 и 53 години велат дека ги чуваат своите телефони на ноќното масиче, а 28% ги проверуваат своите нотификации кога се будат во текот на ноќта. 46% од корисниците од 21 до 37 години признаваат дека пишуваат на своите телефони додека возат, додека оние на возраст помеѓу 38 и 53 години се 32%. 33% од сите испитаници признаваат дека го проверуваат телефонот повеќе од 20 пати на ден за нови нотификации. Корисниците трошат повеќе од 6 часа на ден со својот смартфон, но само 7% од сите испитаници го користат својот мобилен уред за читање книги.
“Motorola е брендот, кој ги создаде мобилните телефони и како таков е обврзан не да ги следи трендовите, туку да ги поставува. Да биде иницијатор, а не набљудувач. Да биде лидер, а не следбеник. Токму затоа ова истражување не е само по себе иницијатива, туку научна база, на која се развиени и ќе бидат разработени конкретни решенија. Ние сме единствените на пазарот кои излегуваме со реални, работни алатки кои ќе го подобрат балансот на луѓето помеѓу животот и смартфонот – неопходност што самите корисници признаваат дека ја имаат”, вели Владислав Иванов, General Manager на Motorola за Југоисточна Европа.
Некои од овие решенија се веќе достапни на нашиот пазар. Како на пример апликацијата Space, наменета за корисници кои покажуваат знаци на однесување од т.н. тип “зајачка дупка”, при кое се забележува “потонување” во смартфонот и прескокнување од апликација во апликација. Space е заеднички проект на Motorola со 6 врвни универзитети, вклучувајќи го и Оксфорд.
Модуларниот екосистем е второто решение кое го нуди американскиот бренд. Motorola е првиот производител во светот кој реализираше модул концепт на пазарот и им овозможи на корисниците да го користат својот смартфон со “начин на споделување” – споделувајќи го екранот преку проектор, споделувајќи ја музиката која се слуша преку звучник и многу повеќе. На овој начин производителот се обидува да го социјализира користењето на уредите. Третата препорака е поврзана со т.н. “Moto Actions” – Специјални функционалности на Motorola смартфоните кои овозможуваат говорни команди, управување преку гестови и проверка на нотификациите со само еден допир, повторно со цел да не се “тоне во зајачка дупка”. Moto Display пак известува дискретно и овозможува контрола на осветленоста на екранот.
Секој корисник може да го провери нивото на сопствениот баланс со пополнување на прашалник поврзан со неговите лични навики при употреба на смартфонот на следниот линк: phonelifebalance.motorola.com. На специјално дизајнираната платформа, корисниците исто така ќе добијат корисни совети и препораки за да постигнат хармонија помеѓу реалниот свет и мобилната технологија.Обработените резултати од пред неколку дена покажуваат дека 80% од активното население на возраст помеѓу 21 и 37 години за непријатни теми претпочи