47.000 албански државјани биле протерани од земјите на Европската унија во последните седум години, пишува „Топ чанел“.
Албанското Министерство за внатрешни работи побарало измени во Законот за странци, вклучувајќи нови правила, како што е концептот познат како забрана за влез.
Правилата за протерување на Албанците кои не ги почитуваат правилата за престој во земјите од Шенген зоната ќе важат и за странците кои не ги почитуваат истите правила во Албанија. Новите предлози се на јавна расправа.
Новите предлози се однесуваат на доброволно заминување на странци, што е опција која им се дава на Албанците пред да бидат депортирани или протерани кога ќе направат прекршок во ЕУ.
Истовремено се предлагаат дозволи за престој категоризирани како сини картони и дозволи за домашни работници кои се издаваат согласно рокот на договорот.