Не брзајте со сексот, тие кои што покасно ја губат невиноста имаат повеќе среќа

Сигурно не сте помислиле на ова, но се почесто се потврдува дека оние луѓе кои подоцна ја губат невиноста имаат повеќе среќа во животот. 

Не брзајте со сексот, тие кои што покасно ја губат невиноста имаат повеќе среќа

Иако денес во склоп со модерното време и погледи кон светот, девојките се помлади се одлучуваат на овој чекор, незнаејќи дека можеби и грешат.

Моментот кога ке се одлучите дека е време да го сторите и вие тој важен потег во својот живот вие треба пред се, да бидете психички спремни за тоа, многу повеќе од физички. Психата влијае најмногу врз било која одлука во животот,имаме предрасуди или не, најважно е што чувствуваме длабоко во себе. 

Во многуте анкети спроведени, припадничките на понежниот пол споделиле дека, за нив тоа била една од најважните одлуки во животот и дека тоа го сториле со личноста која неизмерно им значела тогаш. 

Анализите денес тврдат дека возраста има големо влијание за понатамошниот развој на таа девојка и дека е подобро тоа да се случи после 20тата година, а не во раните 17,18 години. Лицата кои ке го имаат својот прв сексуален однос на 20,25 години имаат многу повеќе среќа во својот живот понатаму, во својата кариера, образование, работа и пред се во емотивните врски.

Тоа е пред се затоа што тие девојки, се емотивно и психички позрели по својата 20та година и многу добро знаат што сакаат од животот, отколку на 17 години.

Да, секако зрелоста и нема многу врска со годините, бидејќи некои луѓе не се зрели ни на 30 години, но сепак кога станува збор за сексуалните односи, треба да бидеме зрели во секој поглед, сепак темата е многу сензитивна и лична па секој има свој став и поглед различен од останатите.

Затоа добро размислете пред да го направите овој чекор во вашиот живот и донесете правилна одлука.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.