Раководството на НБА одлучи да воведе нови мерки во однос на тоа како би се избирале играчи за „Ал Стар“ натпреварот.
„Оваа одлука има смисла. Оваа одлука ја дава вистинската смисла на нашиот комитет за натпреварување. Центарската позиција е исфрлена од изборот само доколку постојат двајца добри центар-играчи во конференцијата, и двајцата би можеле да се изберат во петорката, што досега не било можно“ изјави потпретседателот на кошаркарскиот систем на НБА, Стју Џексон.
„Ал Стар“ мечот за 2013-тата година е предвиден да се одигра на 17-ти февруари во Хјустон.