479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт

Не сакале да плаќаат соодветен број на инженери и архитекти, па го изигрувале законот при поднесување на барањето за лиценца. 479 градежни компании ја изгубија лиценцата откако министерство за транспорт утврди дека не го исполнуваат условот за вкупниот број вработени.
Ангажирале овластени архитекти или инженери на пола работно време додека да ја добијат дозволата а по два три дена ги одјавувале. Еден ист овластен инженер бил ангажиран во десетици фирми кои поднесувале барање во транспорт. Имало и такви што по добивање лиценцата останувале да работат како човек – фирма.
Контролите се направени на 3100 лиценци. За квалитеот на градба, какви и кои објекти се изградени од овие нелиценцирани фирми ќе треба да утврдат други надлежни институции.
-Контролите на лиценците се во делот на вработени, а во делот на квалитетот на изведување и квалитетот на навремено извршување постојат соодветни надзори кои ги контролираат градбите, изјави Александар Николовски, министер за транспорт.
Од транспорт најавија измени во законот со кои контролите ќе бидат задолжителни на секои 6 месеци а одземањето по одземањето на лиценцата фирмата нема да може да работи додека трае процесот на жалбена постапка.
The post 479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: