48-годишен човек пронајден починат во стан во Ѓорче Петров

48-годишен скопјанец рано утрово бил пронајден починат во стан во населбата Ѓорче Петров, соопшти МВР.

„Денеска (10.07.2025) во 05:31 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат О.Б.(48). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција“, велат од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: