Ромни во минимално водство пред Обама

Loading...

Републиканскиот кандидат Мит Ромни премина во минимално водство пред американскиот претседател и кандидат на демократите Барак Обама во дневната анкета на Reuters и Ipsos објавена во средата по локално време, во мртвата трка две седмици пред изборите на 6-ти ноември.

За разлика од резултатите од истражувањето на јавното мнение во САД од вторникот кога ситуацијата беше обратно, Мит Ромни во средата води во дневната анкета на агенцијата Reuters и институтот Ipsos пред Барак Обама меѓу веројатните избирачи со 47 отсто наспроти 46 отсто гласови, што статистички безначајна разлика.

Ромни го задржа, пак, водството меѓу независните избирачи, коишто сочинуваат околу третина од избирачкото тело и ќе бидат клучниот фактор за победа на американските претседателски избори. Кога изборите би се одржале во моментов, според анкетата, 37 отсто од неодлучните гласачи би го поддржале рони, додека 31 отсто се на страната ан Обама.

Обама, од друга страна, води со 53 наспроти 42 отсто од гласовите меѓу 17 отсто од испитаните регистрирани гласачи, коишто велат дека го искористиле правото  да гласаат порано.

Како и повеќето други испитувања, анкетата на Reuters и Ipsos покажа крајно изедначена трка набрзо по соочувањето на двајцата претседателски кандидата во нивната прва телевизиска дебата од 3-ти октомври.

Обама и Ромни се соочија во понеделникот се соочија во нивната трета и последна телевизиска дебата, а повеќето од анкетираните избирачи изјавиле дека дуелот на кандидатите  не го променил нивниот став за кој и да е од двајцата.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Обама го враќа ударот по поразот во тв дебатата

Штабовите на Обама и Ромни незадоволни од иницијативата на модераторот на идните дебати

Обама прапотомок на првите робови

 

 

loading...
Loading...