Се разведе прочуениот австриски монструм Јозеф Фрицл

Австрискиот монструм Јозеф Фрицл кој својата ќерка Елизабет ја држеше во заробеништво во подрум 24 години сексуално ја злоставувал и со неа имал седум деца, се разведе од својата сопруга, пишува во четвртокот австрискиот магазин News.
Како причина за разводот сега 77-годишниот Фрицл навел дека сопругата Роземари со којшто бил во брак 52 години не го посетувала додека ја отслужува доживотна затворската казна поради силување, инцест, држење во ропство и убиство со занемарување на еден од неговите синови.
Управата на затворот во местото Кремс, во кој Фрицл ја отслужува казната, не сакала да ја коментира информацијата на News.
Во текот на процесот Роземари Фрицил цело време тврдеше дека не знаеле дека нејзината ќерка е затворена во подрумот од семејната куќа. Таа исчезнувањето на својата ќерка го пријавила во полицијата, но потоа наводно нејзиниот сопруг подоцна ја убедил дека ќерка им побегнала од дома. Полицијата не ја обвини за соучесништво во злосторствата на Јозеф Фрицл, најозлогласениот австриски криминалец во поновата историја на земјата.
Макфакс
 
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: