Роберто Карлос вели дека екипата од Русија сака да го анажира играчот на екипата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.
„Руни? Да, зошто да не. Тој е еден од од најдобрите играчи во светот и секоја екипа би сакала да го има во своите редови. Тој е сеуште млад играч но секако дека не би можел да кажам кога и дали воопшто ќе се случи тоа“ изјави Карлос за „Скај Спортс“.
„Керимов е способен за се, ако тој сака да купи некој играч, верувајте ќе купи кого и да посака“ заврши Карлос во интервјуто за „Скај Спортс“.