Како до подобар секс во новата врска

Сексот пред брак веќе не е под знак прашалник. На сите им е јасно дека тоа е подобра алтернатива од тоа на првата брачна ноќ да сфатите дека дека вие и вашиот партнер сте сексуално некомпатибилни. Првиот секс со новиот партнер значително влијае на остатокот од врската, а научниците сметаат дека треба да внимаваме на неколку работи.

Годините се многу важни
Годините на кои сте ја изгубиле вашата невиност се многу важни за развојот на вашиот сексуален живот понатаму. Оние луѓе кои прерано се впуштиле во сексуалните односи, ретко прераснуваат во емоционално здрави личности на време. Оние кои чекале за својот прв сексуален однос до 19та година или уште повеќе, имаат помалку конфликити и повеќе уживаат во емотивниот и сексуалниот дел од врската.

Чекањто ќе ви се исплати
Колку повеќе го чекате првиот секс во новата врска, толку повеќе имате шанси да остварите емоционална поврзаност која нема да има врска со сексот. Паровите кои веднаш преминуваат од прв состанок во кревет, побрзо ја губат искрата меѓу нив. Тоа не значи дека треба да чекате со месеци, но пробајте прво да се запознаете еден со друг подобро.

Бирајте внимателно
Колку повнимателно го бирате партнерот, толку подобар избор ќе направите и ќе бидете позадоволни подоцна. Истражувањата покажуваат дека после сексот, жените испуштаат хормон кој ги тера да се зближат со партнерот. Затоа е тешко за жените да најдат партнер само за една ноќ и имаат потреба од врска после таа ноќ.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: