Ураганот Сенди зеде 21 жртва на Бахамите

Loading...

Ослабениот ураган „Сенди“ ги погоди централни Бахами во четврток попладне со силни ветрови и обилни дождови, откако ги помина Бахамите каде остави 21 мртви.

Државните медиуми на Куба јавија дека „Сенди“ уништил многу куќи, откорнал покриви, а зад него останале 11 мртви во провинциите Сантијаго и Гвантанамо. Девет мртви се пријавени на Хаити и еден во Јамајка.

Доцна во четвртокот јачината на `Сенди` е намалена на ураган од прва категорија, но метеоролозите предвидуваат дека ќе се сретне со зимската бура од север и ќе створат супербура во источниот дел на САД следната недела, а ефектите од таа бура ќе бидат видливи на целиот Атлански брег и во Охајо.

Се предвидува дека `Сенди` ќе ослаби во следните денови, но сè уште останува ураган.

Во четвртокот попладне центарот на ураганот беше на 300 километри источно-југоисточно од Фрипорт на Бахамите, од каде стигна до централни Бахами.

Максимумот на ветровите во него достигнаа 150 км/ч, а `Сенди` се движеше северно-северозападно со 20 км/ч.

Каролин Трнквест, шеф на Црвениот крст на Бахамите вели дека отворени се 20 прифатилишта за главниот остров Њу Провиденс.

„Генерално, луѓето сфаќаат дека е сериозно“, вели Трнквест.

Островите се поплавени, а најголема грижа за властите претставува дали бродовите ќе можат да стигнат до брегот на островите за да донесат храна, вода, лекови и други потребни работи.

„Тоа што имаме на располагање е малку, па сфаќате низ што поминуваме“, вели градоначалникот Вилијамс.

Покрај штетите на објектите, островите се соочуваат и со искинати кабли, па така поголем дел од нив немаат струја.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

 Благодарение на Олимписките игри Велика Британија излегла од рецесија

 Над Шведска доаѓа „крвав“ дожд

 

 Над 65 настрадани во тајфунот што ја погоди Јапонија

 
 

 

 

loading...
Loading...