Земјотрес во Италија, старец починал од страв

Loading...

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди ноќеска јужниот дел на Италија, поради што била евакуирана болницата во местото Мормано, а некои згради биле оштетени, јавуваат италијанските медиуми.

Земјотресот ја погодил провинцијата Козенца во јужната италијанска покраина Калабрија, а во моментот на земјотресот 84-годишен човек починал од срцев удар пред да дојдат лекарите по него.

Како што пренесува италијанската агенција Анса, земјотресот е регистриран еден час по полноќ.

Епицентарот бил на шест километри источно од местото Мормано, каде од безбедносни причини беше евакуирана болницата откако на зградата се појавиле пукнатини.

Во болницата завладеала паника, но никој не е повреден, пренесуваат агенциите.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

 Ураганот Сенди зеде 21 жртва на Бахамите

 

 

 

 

 Во пад на лифт во Кина, 19 мртви

 

 

 

 

 

 Кинез со секира уби три деца

 
 

 

 

loading...
Loading...