Според изјавата на списанието Globe кралицата на Велика Британија Елизабета II е на смртна постела.
Списанието тврди дека здравјето на британската 86-годишна кралица Елизабета, е драстично влошено и дека нејзиниот живот е во опасност.
Покрај оваа информација, изјавата на списанието се надополнува и со борбата за престолот, по објавената информација за влошената здравствена состојба на кралицата.
Имено интригантната снаа на кралицата, Камила е во жестока битка попречувајќи го принцот Вилијам и Кејт Мидлтон да се качат на престолот.
Кралицата Елизабета го презеде престолот во 1952 година на 6 февруари. Во брак е со принцот Филип, познат како војводата од Единбург, кој е нејзин сопруг од 20 ноември 1947 година.
Оваа брачна кралска двојка покрај принцот Чарлс, има и уште три свои наследници и тоа принцезата Ана, принцот Ендрју и принцот Едвард.