Елизабет Тејлор почина во март минатата година на 79-годишна возраст. Таа се наоѓа на врвот на листата на списанието „Форбс“ на познати личности, чии приходи по нивната смрт изнесуваат десетици, па и стотици милиони долари.
Наследниците на легендарната холивудска актерка минатата година во нејзино име добија 201 милион долари. „Форбс“ нагласува дека поголемиот дел од таа сума доаѓа од аукциите за продажба на нејзиниот накит и аксесоарите, а останатиот дел од хонорарите за нејзините филмови и од продажбата на нејзиниот парфем.
На второ место е Мајкл Џексон, кој почина во 2009 година, чии приходи минатата година изнесуваа 149 милиони долари. Трет е Елвис Присли, кој почина во 1977 година и чии наследници минатата година добија 55 милиони долари.
Меѓу првите десет на листата на „Форбс“ се и авторот на комедии и анимирани филмови Чарли Браун, кралот на регето Боб Марли, актерката Мерлин Монро, како и физичарот Алберт Ајнштајн со десет милиони долари.