Натпреварот од БИБЛ лигата помеѓу македонскиот претставник Кожув и бугарскиот Рилски заврши со победа на гостите со резултат 99-76.
Кај екипата на Кожув најефикасни беа Божовиќ и Пековиќ со по 16 постигнати поени, кај гостите а воедно и на целиот натпревар најефикасен беше Смит со постигнати 28 поени на мечот.
Нашиот втор претставник во ова натпреварување, тимот на Куманово беше слободен во ова коло.