Шефот на „Ексон мобил“ брутално убиен во центарот на Брисел

Шефот на британски „ЕксонМобил“ е убиен пред очите на својата сопруга во центарот на Брисел.
Шеесетгодишниот Николас Мокфорд бил застрелан со три истрела, а неговата сопруга Мари била претепана од напаѓачите. Сведоци истакнуваат како го виделе Мокфорд и неговата сопруга како преминуваат улица и се движат кон својот автомобил, кога биле истрелани три куршума, кои го усмртиле шефот на британскиот нафтен гигант. Двајца од напаѓачите се видени како го напуштаат местото на настанот трчајќи, а еден од нив имал кацига во рацете. Убиството се случило уште на 14 октомври, но веста се појавила дури сега заради инсистирањето на белгиската полиција медиумите да не известуваат веднаш за настанот. Телеграф пренесува дека белгиската полиција ги разгледува сите можни мотиви за убиството, вклучувајќи и кражба на автомобилот, иако возилото не било украдено. Од британското Министерство за надворешни работи дадоа само штуро соопштение во кое истакнуваат дека можат да потврдат смрт на британски државјанин во Брисел на 14 октомври. Мокфорд работеше во „ЕксонМобил“ уште од 70-сетите години на минатиот век, а во Белгија живеел извесно време со сопругата Белгијка, со која бил во брак 15 години. Анонимен семеен пријател истакна дека смета оти се работи за нарачано убиство. „Убиен е на студен и брз начин и тоа потсетува на професионално убиство, но ние не можеме да сватиме зошто. Тој не е тип што попушта под уцените и ова едноставно нема смисол“, истакнува истиот пријател. „ЕксонМобил“ во официјалното соопштение изрази шок и упати сочувство до семејството и пријателите на убиениот Мокфорд.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: