Асанж останува во еквадорската амбасада во Лондон

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, изјави дека САД треба да се откажат од `неморалната` истрага за неговата интернет страна и дека ќе остане во амбасадата на Еквадор во Лондон сè додека тоа не се случи.
Асанж се засолни во оваа дипломатска мисија во јуни за да избегне испорачување на Шведска, која го бара за да го испита за наводите дека сексуално злоставувал две  жени. Тој стравува дека ќе биде префрлен во САД, каде може да  му се суди за шпионажа, откако Викиликс почна да објавува доверливи депеши на американските дипломатии. Австралијанецот за CNN вели дека САД со истрагата го крши првиот амандман на својот Устав и сите принципи на кои се заснова американската власт. „Постои обид да бидам испорачан без какво и да е обвинение или докази, наводно, за да бидам испитан. Во меѓувреме, и  ФБИ се ангажира во подготовката на овој случај“, вели Асанж. Додава дека во амбасадата живее како во вселената. „Немам природно светло. МОра сами да правите се за себе. Не мое да одите да купите нешто. Но, јас сум во изолација, а знам како им е на затворениците. Овде е многу подобро отколку што им е на затворениците“, вели Асанж. Неговата интернет страна во четвртокот почна да објавува 100 фајлови на американското Министерство за одбрана кои содржат детали за правилата на притвор во логорите во Ирак и заливот Гвантанамо во годините по нападите на САД на 11 септември 2001 година.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: