Четири години затвор за Силвио Берлускони

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони осуден е на четири години затвор поради затајување на данок во неговата фирма „Mediaset”, јавија локалните медиуми. Берлускони има право на жалба.
Поранешниот премиер по шестгодишниот процес прогласен е за виновен за повеќе милионско затајување при купувањето на филмски права. Компанијата на Берлускони, која ги опфаќа и трите најголеми ТВ станици во Италија, вештачки ја „пумпала“ цената на правата за емитување на американски филмови преку две офшор компании, а потоа ги пријавувала како лани трошоци за да би го намалила данокот. Се очекува дека Берлускони ќе го искористи правото на жалба и дека пресудата ќе помине на уште две повисоки судски инстанци. Судот на Берлускони му одреди четири месеци подолга казна, од она што го побара обвинителот. Покрај затворската казна, на Берлускони му е забрането да се занимава со политика во наредните три години. На обвинителната клупа се најдоа уште десет други лица, вклучително и претседавачот на Управниот одбор на „Mediaset”, Феделе Конфалонијери, кој е осуден на три години и четири месеци затвор. Како што е наведено во обвинението, лажирана била цената на околу 3.000 филмови, при што биле направена разлика од 250 милиони евра.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: