Хорхе Лоренцо може уште викендов да ја заврши работата околу титулата во Мото Гран При, наредната стаза се вози на „Филип Ислан“, од друга страна Педроса сеуште се надева дека би можел да го престигне конкурентот.
Лоренцо во ланската сезона на истава трка заработи голема повреда при еден незгоден пад, тој се присетува на тој настан…
„Тоа може да се случи на секоја трка, немам некои посебни лоши претчувства, ниту пак негативни влијаниа и сеќавања. Ова е посебна стаза, премногу различна од останатите, премногу брза. Уживање е да се вози овде, особено кога времето е убаво, без ветер и дожд“ вели Лоренцо.