Одлични вести пристигнуваат од нашата фудбалска репрезентација, „НоваМакедонија“ пренесува дека селекцијата составена само од играчи од домашниот шампионат ќе се врати на сцената.
Според информациите кои ги пренесува „НоваМакедонија“, Б-репрезентацијата на Македонија својот прв тест ќе го има на пријателскиот натпревар со Полска што ќе се одигра во Анталија.
„Тоа не е официјален термин на УЕФА и овој меч ќе го искористиме да ги видиме квалитетите на домашните играчи“ вели спортскиот директор на репрезентацијата Петар Милошевски во интервју за „НоваМакедонија“.
Извор: „Нова Македонија“