Има неколку знаци кои јасно ќе ви покажат дека вие не сте ја преболеле бившата девојка, т.е вие сеуште длабоко во себе би сакале да сте заедно. Нормално е по крајот на врската, на никој не му е лесно да стави крај и да расчисти пред се сам со себе, но сепак потрудете се да продолжите понатаму со својот живот.Крајот на врската е можеби, почеток на нешто сосема ново и подобро за вас, барем така викаат.А по што ќе знаете дека можеби и не сте ја преболеле?
Постојано зборувате за неа, некогаш и во себе, да да постојано евоцирате спомени, во секоја друга девојка ја барате неа, ја споредувате со сите нејзини маани и доблести. Не го правете тоа, секоја една девојка е свет сам за себе, секоја заслужува шанса, можеби некоја од нив е жената на вашиот живот. Со секоја наредна девојка, сакате да излезете на местата на кои сте оделе со бившата, тоа е знак на непочитување кон таа друга девојка, таа не го заслужува тоа од вас. Сами себе си говорите дека таа бившата е, лоша личност, не била за вас, но зошто воопшто мислите на неа?Сакате да и се јавите, па се откажувате веднаш. Доколку со некој сте завршиле, тогаш така и нека остане, продолжете сами да го градите својот живот.Не ретко момците влегуваат во врска со друга девојка, не за друго туку да ја направат љубоморна својата бивша девојка, излегуваат на места каде што таа редовно оди, со цел да бидат видени заедно.
Во таква една ситуација, новата девојка се чувствувава непријатно и прави секојдневни скандали. Не ги правете овие нешта ни на себе, ни на некоја друга личност која не е виновна за вашите постапки во минатото. Се што треба да направите е да бидете искрени спрема себе, сте ја преболеле или не?
Пронајдете не на следниве мрежи: