Екипата на МЗТ Скопје има шанси да направи изненадување на дуелот од АБА лигата што се игра со почеток од 17 часот во „Борис Трајковски“.
Според информациите, тимот на Црвена Ѕвезда во Скопје доаѓа без Алмонд и Браун, а со тоа и медиумите од Србија напоменуваат дека ова ќе биде сосема тешко гостување за тимот од Белград.
„Ова гостување како и сите други гостувања ќе биде тешко, нема да биде воопшто лесно. МЗТ со години се обидуваше да влезе во регионалната лига, конечно дебитираа и имаат голем мотив и амбиција да се докажат, посебно против тимови кои се атрактивни и звучни како што е Црвена Ѕвезда“ изјави стратегот на Црвена Ѕвезда.
Фото: www.mztskopjeaerodrom.mk
Пронајдете не на следниве мрежи: