Најмалото кученце на светот

Во светот има многу конкуренти за титулата “Најмалото куче на планетата”. Но се чини дека најсериозен во моментов е Suni, 3-месечниот териер од Полска.

За Suni не се знаело ни дали ќе преживее кога се раѓало, бидејќи било толку многу мало.

За среќа, сопственичката Anna Pohl водела добра грижа за Suni, иако тоа понекогаш значело дека таа морала да си заминува порано од работа затоа што имала обврски кон кучето, или затоа што била преморена затоа што претходната ноќ ја поминала со Suni.

Денес, за среќа, Suni е здраво куче, а ветеринарите предвидуваат дека таа нема да расте уште многу.

“Таа јаде сама, но премногу е мала за да може да се капе. Можете да заклучите по нејзиниото стомаче дека има добар апетит.” – изјавила Pohl.

Кога Suni ќе наполни една година, таа веројатно ќе влезе во конкуренција за Гинисовата Книга на Рекорди, во конкуренцијата за најмало куче во светот. Главна конкуренција ќе и бидат Beyonce, која се родила толку мала што ја ставиле на супена лажица, и Milly, Chihuahua од Порто Рико, која се хранела со капки млеко кога се родила. Ќе биде интересна битка за таа титула.

Во меѓувреме, погледнете како изгледа Suni.

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Angry Birds во Star Wars верзија

 

 

 

Бидете самите коктел мајстори

 

 

 

 

10 интересни факти кои сигурно не ги знаете

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: