Обама во водство меѓу оние што гласаат порано

Според очекувањата, речиси 40 отсто од американските избирачи ќе го искористат правото да гласаат пред време на американските претседателски избори 2012 година, а меѓу гласачите кои веќе го дале својот глас води актуелниот претседател Барак Обама пред притивкандидатот Мит Ромни.

И двајцата кандидати го повикаа избирачите не само да излезат на изборите, туку и да го искористат правото на предвремено гласање пред изборниот ден 6-ти ноември за да се зголеми одѕивот на изборите.

Анкетите спроведени меѓу избирачите кои веќе го искористиле правото да гласаат, покажуваат дека кандидатот на демократите Барак Обама има предност во повеќе сојузни држави, пишуваат во саботата американските медиуми. Според дневната анкета на Reuters и Ipsos, направена врз репрезентативен примерок од 960 избирачи, за Обама досега гласале 54 отсто, додека републиканскиот кандидат Мит Ромни добил 39 отсто од гласовите од оние што досега гласале.

Испитувањето покажа дека досега гласале 18 отсто од запишаните избирачи. Пораното гласање, кое во некои американски сојузни држави започна во септември, во моментов се спроведува во сите 50 американски сојузни држави, или со гласање преку пошта или со директно доаѓање на избирачкото место. Аналитичарите проценуваат дека пред 6-ти ноември може да гласаат рекордни речиси 40 отсто од Американците со право на глас.

Можноста порано да гласа на избирачкото место во Чикаго, во четвртокот го искористи и Обама, како прв актуелен претседател на САД кој го сторил тоа. Гласањето на Барак Обама беше дел од неговата кампања за поттикнување на гласање пред време.

Според оцените на некои американски аналитичари, на минатите претседателски избори во 2008 година, можноста за порано гласање значително придонела за добриот резултат на Барак Обама. И двата изборни штаба, и на демократите и на републиканците, на овие избори ставија многу поголем акцент на пораното гласање, објавувајќи соопштенија во медиумите во кои тврдат дека се во предност меѓу гласачите коишто го искористиле веќе правото на глас

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

 Ромни во минимално водство пред Обама

 

 

 

 

 Ромни го зголеми водството пред Обама

 

 

 

 

 Обама го враќа ударот по поразот во тв дебатата

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: