Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони во петокот беше осуден на 4 години строг затвор поради даночна измама во аферата Mediaset којашто благодарејќи на директната амнестија му е намалена на една година затвор.
Иако е речиси невозможно дека ќе биден дури и еден ден во затворот, Силвио Берлускони веднаш ја коментираше пресудата како „несносливо судиско беснило“.
„Ова е политички суд, неверојатен и неснослив. Ова, без дилеми, е политичка пресуда, како што се политички сите судски постапки против мене“, изјави поранешниот италијански премиер во петокот навечер во емисија на една од неговите приватни телевизиски мрежи Italia 1.
Казната изречена на медиумскиот магнат Берлускони, веднаш е намалена на една годна затвор, врз основа на законот амнестија од 2006 година кој го донесе тогаш левичарската влада на Италија за да ја намали пренатрупаноста на затворите во земјата.
Доколку апелациониот суд ка потврди првостепената пресуда, сѐ уште постои можност од жалба до врховниот суд, што исто така го одложува извршувањето на казната.
Судот во Милано се покажа многу строг кога му забрани вршење на јавна служба во следните пет години, што ќе стапи на сила кога ќе се донесе правосилната пресуда. Така, доколку казната биде потврдена, што за Берлускони е најнеповолното сценарио, тој сепак, веројатно нема да оди во затвор имајќи ја неговата возраст од 76 години.
Берлускони во аферата Mediaset е обвинет дека ја напумпал цената за правата за прикажување на филмовите коишто ги купувале компаниите во негова сопственост при препродажбата на неговото медиумско царство „Mediaset“. Групацијата, така, формирала според обвинението во странство црни фондови и ја намалила заработката во Италија за да плати помал данок.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Четири години затвор за Силвио Берлускони
Шефот на „Ексон мобил“ брутално убиен во центарот на Брисел
Асанж останува во еквадорската амбасада во Лондон
Пронајдете не на следниве мрежи: