Кореjската козметика е феномен во последните години. Таа е синоним на висококвалитетни производи по пристапни цени, не употребува парабени и избегнува штетни хемиски состојки. Наместо тоа се насочува кон природата и применува специјални природни состојки како чајно дрво, различни масла и есенции па дури и слуз од полжави. Но, освен одличниот состав, од огромно значење е и начинот и редоследот на употреба на производите. Корејкитe дефинитивно ја имаат пронајдено тајната на младата кожа, но во што навистина се крие таа и како можеме и ние да ги постигнеме нивните езултати?
1. Чистење со масло
Отстранувањето на шминката навечер е златно правило и основен прв чекор во грижата за кожата. Таа има потреба да дише и да се одмори и единствениот начин да се постигне тоа е да се извадат шминката и мрснотијата кои се натрупани на лицето во текот на денот. Се нанесува со нежна масажа и се остава некоја минутка да делува. Се додава малку топла вода по што маслото се претвора во нежна пена.
SKIN WATCHERS ПРИРОДНО МАСЛО ЗА ДЛАБИНСКО ЧИСТЕЊЕ 150 МЛ.
2. Производ за миење на лице на база на вода
Тоа е една од тајните на корејките – миење на лицето во два чекори. Откако ќе се отстранат нечистотиите со природното масло, лицето се измива уште еднаш со нежна пена на база на вода. На тој начин се гарантира отстранувањето на апсолутно сите штетни слоеви кои се останати врз
кожата и таа останува сјајна, чиста и подготвена да ги „пие“ следните производи за нега.
SKIN WATCHERS СЈАЈНО БЕЛА ПЕНА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕ, 100 мл
3. Тоник
Навлажнетата кожа е посклона да апсорбира одреден производ. Тоникот „внесува“ влага во кожата на лицето и ги балансира нивоата на рН на кожата. Има два начини за неговото нанесување и тоа зависи од навиката на секоја жена. Обично се употребува памучно тампонче или доколку ви е поудобно може да поставите од тоникот на рацете и да го нанесете со нив на лицето.
SKIN WATCHERS ИНТЕНЗИВЕН ТОНИК СО ЕКСТРАКТ ОД ЗЕЛЕН ПОЛЖАВ, 125 мл
4. Есенција/емулзија
Тоа е една од клучните грижи која корејките ја прават за својата кожа. Есенцијата/емулзијата ја хидрира кожата и ги регенерира клетките. Се употребува веднаш по тоникот и високата концентрација на екстракт од полжав ја прави кожата млада, сјајна и долговечна.
SKIN WATCHERS ИНТЕНЗИВНА ЕМУЛЗИЈА СО ЕКСТРАКТ ОД ЗЕЛЕН ПОЛЖАВ, 125 мл
5. Хидратантна крема
Водата е есенцијален дел од нашиот живот и здравје. Истото се однесува и на кожата – доколку сакаме таа да биде млада и здрава, мора да и ја обезбедуваме потребната хидратација. Затоа одберете го најсоодветиот тип на производ за вас – лосион, гел или крема, во зависност од тоа дали кожата ви е нормална, мрсна или сува. Тој последен чекор од секојдневната грижа ќе ја „заклучи“ водата во кожата.
SKIN WATCHERS ИНТЕНЗИВНА КРЕМА СО ЕКСТРАКТ ОД ЗЕЛЕН ПОЛЖАВ, 50 мл
Навистина, оваа секојдневна рутина изгледа дека одзема време, но затоа резултатите се импресивни. Доколку решиш да употребиш само некои од наведените производи исто ќе има ефект, но важно е да ја задржиш формулата „чистење + хидратација“.
Повеќе за корејската козметика може да најдете на страницата на Lea.mk – официјален застапник на Skin Watchers за Македонија.