5 начини да го натерате вашиот мозок да не сака брза храна

Постојат неколку работи што можете да ги направите и на тој начин да го тренирате вашиот мозок да ја „мрази“ брзата храна. Па без разлика дали сакате да ослабите или само сакате да водите поздрав живот, овие начини ќе ви помогнат во тоа.
1. Здравата храна нека ви биде награда и забележете како се чувствувате во врска со тоа
Еден од најлесните начини да се ослободите од брзата храна е да забележите како разните видови храна прават да се чувствувате додека ги консумирате. На пример, ако за ручек изедете нешто слатко или нездраво, обрнете внимание како се чувствувате отпосле и правете го ова барем една недела. Потоа заменете го ручекот со здрав оброк кој ви е вкусен и повторно забележувајте како се чувствувате.
Штом ќе сфатите дека здравата храна ви дава енергија, а брзата ве заморува и ви го намалува фокусот, многу полесно ќе се ослободите од нездравиот начин на исхрана бидејќи знаете дека не ви прави добро. Важно е да станете свесни за влијанието на храната врз вашето тело – нешто што повеќето луѓе не го прават. 
2. Сокријте ја нездравата, а при рака имајте здрава храна
Често желбата за брза храна се појавува од нејзината достапност. Кога размислувате што да јадете, најлесно е да се упатите до најблиската сендвичара. Но ако ја снабдите кујната или канцеларијата со здрава храна што ви е веднаш достапна, многу полесно ќе го промените начинот на исхрана. Така ќе почнете да ја сакате здравата храна бидејќи и таа ќе ви биде достапна колку брзата.
Се разбира, во овој случај ќе треба да одвоите време за готвење. Исто така набавете здрава ужина, како јаткасти плодови или овошје за да го избегнете грицкањето на нездрави продукти. Ако однапред ги подготвувате вашите оброци, нема да бидете во искушение да посегнете по хамбургер или пица.
3. Прејадете се
Навистина чуден начин да се натерате да ја мразите нездравата храна е нејзиното претерано консумирање. Што сакате најмногу? Пица, крофни или сладолед? Набавете го она што го сакате и изедете што е можно повеќе. Можеби идејата не ви звучи добро, но доколку ви е тешко да се откажете од брзата храна, со прејадувањето ќе ви се згади од неа. На овој начин полесно ќе ја замените со здрава храна што прави да се чувствувате добро.
4. Ослободете се од омилената брза храна
Секој има вид храна што не може да ѝ одолее. Без разлика која е вашата, не заборавајте дека таа претставува најголема закана на вашиот начин на исхрана. Најдобро е воопшто да не ја купувате оваа омилена храна и да се обидувате да ја избегнувате кога сте излезени. Кога сте во продавница, немојте да минувате во делот каде што се наоѓа таа храна. Ако на враќање дома го поминувате местото со омилената храна, најдете нов пат. Ова не е совршен систем, но колку-толку ќе ви помогне.
5. Постепено намалување
Ова е можеби најосновниот совет, но немојте да го заборавате бидејќи веројатно е и најефективен. Шеќерот може да предизвика зависност, а истото важи и за состојките во брзата храна. Па поради ова не треба да ве изненади што откажувањето може да ви биде навистина тешко. Кога доволно долго ќе се ослободите од нездравата храна, вашето сетило за вкус ќе се промени и нема да чувствувате потреба за неа. Здравата храна, како овошјето и зеленчукот, ќе има подобар вкус, а можно е брзата храна да ви стане целосно одбивна. Покрај тоа, кога навистина ќе почувствувате желба за брза храна, најверојатно ќе изедете многу помалку така што нема да има некое сериозно влијание на вашето здравје.
Можете наеднаш и целосно да се откажете од брзата храна, но тоа ќе биде тешко и најверојатно неуспешно. Затоа откажувајте се постепено додека целосно не ја отстраните од вашиот живот. Започнете со нешто мало, како чипс и шеќер во кафето. Ако сте ставале 2 лажици шеќер, оваа недела ставајте една, а наредната ниту една. Правете го истото со сите видови брза храна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.