5 начини како вистински да ја искористите паузата од работа за одмор

Си купувате јадење и се враќате во канцеларија да го изедете пред компјутер? Или скролате по Инстаграм додека јадете? Не сте единствени, но ова не е вистинско користење на паузата од работа…
Независно дали имате половина или цел час пауза од работа, или пак можеби, работното место ви дозволува 15-тина брзи минути за оброк, важно е да ги искористите правилно – колку и да се.
Паузата треба да биде време кога ќе се посветите на себе, ќе одморите од работа и ќе се опуштите, за потоа да останете продуктивни, а на тоа влијаат уште неколку фактори.
Неколку начини да се откажете од лошата навика на некористење пауза:
Не ручајте на биро


Одвикнете се од јадењето и работењето во исто време. Ако имате посебно место во канцеларијата каде што можете да јадете – одвојте барем 5-10 минути и тргнете се од работното биро.
Уште подобро ако оброкот ви дозволува да седнете надвор на воздух и да ручате во мир. Доколку немате ниту една од наведените опции, барем исклучете го мониторот додека јадете.
Бирајте здрав оброк
Покрај тоа каде ќе јадете, за да останете продуктивни на работа, важно е и што ќе јадете. Време е да престанете со брзата храна или соленките за побрзо најадување.
Бирајте оброци кои ќе ве најадат, а истовремено ќе ви дадат енергија, наместо да ве успијат, како што е случај со тешките сендвичи.
Најдобро е ако можете да си подготвите кутија со оброк од дома и да создадете навика да готвите навечер. А, има опции и за купечки здрав и богат оброк.
Внимателно бирајте дали ќе јадете во друштво или не
Ако сте личност која сака да си одвои време за себе и да поминете време сами со себе, а на работа сте опкружени со многу луѓе, можеби е подобро паузата да си ја посветите себеси. Јадете во мир за да се наполните со енергија.


Доколку пак, сакате разговор и дружење со луѓето и не ви е пријатно да јадете сами, тогаш уште една причина плус да го избегнете јадењето пред компјутер.
Излезете со колегите, ручајте, изнамуабетете се и вратете се подготвени за работа.
Излезете надвор
Дури и ако си носите јадење од дома или ако е нешто што сметате дека брзо ќе го изедете, сепак одвојте време да излезете надвор, дури и само да прошетате ако не јадете.
Нека ве фати воздух, примете сончева светлина, оттргнете се малку од канцеларијата, испијте кафе, а потоа вратете се инспирирани и полни со енергија.


Ставете го телефонот на нечујно
Кога сте на пауза за ручек обидете се да го ставите телефонот на нечујно и да си дадете време за потребниот „рестарт“. Зависно од типот на пауза – уживајте сами во оброкот и разговарајте со колегите.
Доколку работата не ви дозволува да го исклучите звукот, барем оставете го и не скролајте по социјалните мрежи и не се допишувајте непотребно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.