Размислувате во распоредот со активности да додадете возење велосипед? Не се двоумете и донесете позитивна одлика, бидејќи, благодарение на тоа, вашето тело ќе “профитира”.
Медицинскиот факултет при Универзитетот “Харвард”, на својата страница објавил 5 важни предности од возење велосипед.
1. Ги чува зглобовите
Кога возите велосипед, целата тежина ја префрлате на силните карлични коски. Кога одите или трчате, тежината се префрла на нозете, поради што страдаат зглобовите. “Возењето велосипед е добра актвност за сите луѓе кои имаат проблеми со болки во зглобовите или артритис”, вели д-р Клер Сафран-Нортон.
2. Ја подобрува здравствената состојба
Аеробните вежби се прават со многу умерен интензитет и тие пред сѐ се наменети за подобрување на здравствената состојба. Токму возењето на велосипед е фантастичен облик на аеробна вежба, поради вртењето на педалите, кои го подобруваат работењето на срцето и мозокот, а одлично делува и на васкуларниот систем. Исто така постигнува лачење на ендорфинот (познат како хормон на среќата), кој го подобрува нашето расположение.
3. Ги зајакнува мускулите
Кога возите велосипед, ги користите речиси сите мускули, а најмногу мускулите на задникот, квадрицепсот и мускулите на листовите. Поради исправената положба работат и абдоминалните мускули, кои помагаат во балансирањето, а ги користиме и мускулите на рацете и рамената.
4. Ги олесува секојдневните активности
“Придобивките од возење велосипед се исти како кога оддржувате рамнотежа, одите, стоите или пак одите по скали”, вели д-р. Сафран-Нортон. Сите видови на физички активности ќе станат полесни, благодарение на возењето велосипед.
5. Помага во зајакнување на коските
Д-р Сафран-Нортон вели дека активноста како вртењето на педалите, во која телото мора да пружи отпор, ја зголемуваат густината на коските. Намалената густина не е занемарлив проблем, бидејќи може да доведе до остеопороза.
Дополнителен совет: Медицинскиот факултет при Универзитетот “Харвард” советува, пред почетокот на интензивното возење велосипед, да се консултираме со лекар, доколку имаме проблеми со срцето, артритисот или со тенки коски.
“Ако имате остеопороза, размислете за возење трицикл, кој е постабилен од велосипед. Ако неодамна сте имале фрактура, воопшто немојте да возите велосипед, додека не се опоравите, бидејќи новото паѓање може да ја влоши постоечката повреда”, смета Сафран-Нортон.