Кога ќе излезете во град, можете да наидете на секаков прифил на дечки, од културни, скоцкани и одмерени до напувани билдери кои мислат дека ако седнале на сепаре или на коњопој, со флаша виски и 5 девојки од сомнителен калибар, го достигнале врвот во своето постоење.
Затоа, денес решивме да им посветиме внимание на различните типови на момци кои го „држат“ градот и ноќниот живот.
1. Набилдани мангупи – напукани со стероиди, кои резервирале сепаре, нарачале виски и собрале неколку девојки, кои пак, искочиле со цел да налетаат токму на нив. Совршена комбинација. И волкот сит и овците на број.
2. Изгубени во местото и просторот – овие момци не излегуваат толку често, но кога ќе излезат, тоа го помнат уште цел месец. Додека не се поднапијат, се вртат така бесцелно и наоколу, а кога алкохолот ќе им доспее до крвта, собираат храброст и приоѓаат на кој ќе стигнат. Најчесто им „опалува“ кај девојки кои спаѓаат во иста категорија како и тие, па така се раѓа добра авантура, а можеби и среќна врска.
3. Омилени меѓу девојките – овие се посебна категорија на момци, кои се обожувани и познати меѓу женскиот род. Најчесто се скоцкани, одмерени, образовани, голем број од нив се сопственици на фирми, кафичи, менаџери, добро ситуирани и најчесто во долга врска, но сепак би направиле некој „излет“ на страна.
4. Мачо момци – овие се таква категорија на момци кои ќе и симнуваат ѕвезди на саканата додека не ја освојат, но не дај боже да почувствуваат конкуренција или опасност од некој друг дечко, работата секако дека ја решаваат со физичка пресметка, најчесто со флаша во глава, или други помагала кои ќе им се најдат при рака. Како инаку ќе си го одбранат егото а и избраничката ако не со инцидент во диско или кафич?
5. Вечни ергени (млади ветерани) – овие момци имаат богато портфолио, бурно минато и се авантуристи во душа. Имаат стандард муабет кој им е проверен и веруваат дека можат да ја освојат која девојка и да посакаат. Најчесто е тоа така, но штом се спомне сериозна врска или брак, бегаат и бараат нов плен.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Кога ќе излезете во град, можете да наидете на секаков прифил на дечки, од културни, скоцкани и одмерени до напувани б