Доколку имате проблем со мрсна коса, најверојатно барате посебни шампони, ја сокривате косата во опавче или ја миете многу често. Но постојат и други трикови што ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот маснотии. На пример, јадењето одредени видови храна може да го зголеми количество масло што се лачи, додека други видови храна го намалуваат. Погледнете за кои станува збор.
ХРАНА ШТО ТРЕБА ДА ЈА ИЗБЕГНУВАТЕ
1. Шеќер
Хормоните се како курири на нашето тело кои помагаат во речиси сите процеси. Поради ова важно е да ја одржувате нивната рамнотежа. Шеќерот нема да ви помогне во ова. Всушност, тој ја нарушува рамнотежата на вашите хормони. Има влијание на воспалителните процеси во телото и го зголемува нивото на шеќер во крвта, со тоа поттикнувајќи ги жлездите да лачат повеќе масти.
2. Рафинирани јаглехидрати
Постојат добри (комплексни) и лоши (едноставни) јаглехидрати. Рафинираните спаѓаат во втората група. Одличен пример за рафинирани јаглехидрати е белиот леб. Проблемот е што рафинираните јаглехидрати го преоптоваруваат телото. Поради тоа лојните жлезди лачат повеќе масти, па вие завршувате со мрсен скалп.
3. Пржена храна
Која било брза храна го поттикнува лачењето на масти. Овие масти ја покриваат нашата кожа, вклучувајќи го и скалпот. Па хамбургер изеден навечер навистина ќе ја измрси вашата коса во текот на ноќта. Не само што треба да ги избегнувате овие продукти за целокупното здравје, туку на овој начин вашата коса ќе изгледа почисто.
4. Млечни производи
Млечните производи како млеко, путер и сирење се обработуваат како масти, па можат да ја измрсат косата и да предизвикаат појава на акни. Исто така тие содржат компоненти кои го зголемуваат нивото на тестостеронот, што исто има влијание на вашите кожа и коса.
5. Сол
Претераното консумирање сол може да предизвика отоци, подочници, првут и дехидратација. Поради дехидратацијата, телото произведува повеќе масти за да се справи со недостатокот од вода. Сето ова завршува со мрсна коса. Поради ова внимавајте кога консумирате чипс, помфрит и солени јаткасти плодови.
ПРОДУКТИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ КОНСУМИРАТЕ
1. Храна богата со витамини Б и Е
Овие витамини се клучни за телото и за косата. Не само што го поттикнуваат растот на косата, туку го регулираат лачењето на мастите. Храната како грав, зеленчук и овошје е богата со витамин Б и може да ви помогне да го подобрите изгледот на вашата коса. Витаминот Е можете да го најдете во зелен лиснат зеленчук, сончогледово семе и јаткасти плодови.
2. Храна богата со цинк
На телото му е потребен цинк во мало количество бидејќи овој минерал не се складира во нас. Добрите вести се ако го зголемите консумирањето на продукти со цинк, можете да го намалите лачењето на масти. Можете да користите додатоци во исхраната со цинк, а можете и да консумирате повеќе овес и јајца.
3. Добри масти
Доколку имате проблеми со мрсна коса, тоа не значи дека треба целосно да престанете со консумирање масти. Мастите се важна компонента за правилно функционирање на телото. Потребно е само да го регулирате внесот на заситени и трансмасти. Лесно е да ги идентификувате бидејќи најчесто се наоѓаат во храна која останува тврда на собна температура. Па маргаринот, путерот и животинското сало се транс масти. Заменете ги со „добри“ масти кои се наоѓаат во јаткастите плодови, зеленчуковото масло и некои видови риба.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.