5 генијални начини со кои може да ги измиете забите без четка

Добро ви е познато правилото дека забите треба да се мијат минимум двапати дневно, но што да правиме кога четката за заби не ни е при рака? Сепак постојат начини како да ја одржите здравата и убава насмевка без четка за заби.
Вода
Водата е најубав и најсигурен начин за миење на заби. Земете голтка вода од чашата со вода. Со плакнење на устата со вода ќе го отстраните остатокот од храна кој што останал на забите, а водата ќе ви помогне нивото на киселост во устата да се врати во нормала.


Салвета
Во ситуации кога ви е потребно детално чистење на забите тогаш салветата или марамицата ќе ви бидат најдобрите пријатели. Замотајте ја хартијата околу прстот и искористете ја како четка за заби. Секако дека четката за заби е незаменлива за одржување на хигиената, но ова исто е добра алтернатива.
Сода бикарбона
Пред да настане пастата за заби, сода бикарбоната била закон за одржување на хигиената во устата. Измешајте сода бикарбона со вода и течноста ставете ја во уста. Овој бел прашок има одлични резултати во избелувањето на забите.
Конец за заби
Чистењето на заби со конец секако дека треба да биде ваша дневна рутина. Одличен е за чистење на нечистотииет измеѓу забите. Многу е важно како да го користите затоа што само така конецот има предности. После користењето на конецот добро исплакнете ја устата со вода.
Масло
Чистењето на забите со масло е стар метод кој неодамна стана многу популарен во светот на убавината. Една кафена лажица од кокосово или сусамово масло треба да се стави во устата. Хемиските соединенија кои се наоѓаат во овие масла ги убиваат токсините кои се наоѓаат во устата и ги избелуваат забите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.