5 грешки кои не смеете да ги правите на првиот состанок

Кога излегувате на прв состанок, сакате на својот потенцијален партнер да му оставите позитивен впечаток, затоа е важно да обрнете внимание на тоа како да не ги правите клучните грешки, кои би можеле да ве чинат следно гледање со момчето кое навистина ви се допаѓа.
1. Немојте да брзате
Иако ви изгледа дека совршено се разбирате, немојте да брзате, потребно е повеќе од едно гледање за во целост да ја запознаете личноста.
2. Не поставувајте премногу глупави прашања
Секако дека сакате да дознаете сè за него, но дозволете тој да ви каже што е можно повеќе. Љубопитноста е позитивна карактеристика, но не треба да претерувате. Важно е на првиот состанок да ги испочитувате границите на пристојност.


3. Обидете се да не бидете замрзната кралица
Ако сте излегле на состанок со момче кое навистина ви се допаѓа, нема потреба да се трудите да изгледате незаинтереситано. Ако тој покажува интерес кон вас, потрудете се да покажете дека и вие сте заинтересирани.
4. Не зборувајте за своите поранешни партнери
Ако премногу зборувате за вашиот поранешен партнер, тој можеби ќе помисли дека не сте подготвени да продолжите понатаму, па затоа нема да ве покани на следен состанок.
5. Премногу гледате во телефон
Ако на состанок константно гледате во телефон, оставате впечаток дека сте незаинтересирани и дека момчето со кое излегувате е навистина здодевно, што на него секако нема да му е пријатно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.