Циметот е еден од најпопуларните зачини. Тој одговара во солените специјалитети, но е одличен и како дел од многу десерти.
Овој зачин има прекрасна арома, а неговиот мирис создава чувство на удобност во домот. Покрај тоа, циметот е неверојатно корисен. Популарниот зачин е одличен за користење во било кое доба од годината, но тој е задолжителен за претстојниот есенски период.
Еве пет причини зошто треба секојдневно да го употребувате циметот.
Циметот е полн со витамини кои се неопходни во текот на есенската сезона, кога е период на грип и настинки. Зачинот го содржи речиси целиот спектар на витамините Б, витамините од групата А, ПП и секако – витаминот Ц.
Благодарение на есенцијалните масла, железото, калиумот, фосфорот и цинкот во неговиот состав, циметот помага во производство на антитела кои се одлични борци против современите вирусни болести.
Циметот го нормализира притисокот, ги прочистува крвните садови и ја тонира кожата. Освен тоа, тој допринесува за подобра концентрација и фокус кои често им недостасуваат на возрасните и децата во текот на студените есенски денови.
Се бори против обичните настинки
Дури и во древните времиња, циметот се користел кај проблемите со респираторните органи, кашлицата и болките во грлото. Благодарение на етеричните масла, тој се бори со настинката подобро од било кој друг лек.
Циметот има стимулативен ефект врз гастроинтестиналниот тракт и помага во текот на студениот период да се избориме со зголемениот апетит.