5 знаци кои ќе ви укажат дека не чувствувате доволно љубов кон себе!

Едно е да се грижите за вашето емоционално, ментално и физичко здравје, а друго е всушност да го спроведувате тоа во пракса од ден на ден. Постои начин да откриете дали навистина имате самодоверба колку што мислите или само се залажувате.

Во продолжение прочитајте кои се знаците кои ќе ви покажат дека не чувствувате доволно љубов кон себе.

Постојано сте исцрпени
Заморот е знак дека не го слушате вашето тело и не одговарате соодветно на неговите потреби. Можеби сте постојано зафатени на работа, но се лажете ако мислите дека хроничната исцрпеност може да биде нормална состојба на работите. Наша препорака е да најдете време за одмор бидејќи само така ќе можете да се справите со сите обврски кои ве очекуваат, како и со емоционалните и психичките турбуленции во вашиот живот.

Кога ќе се погледнете во огледало, секогаш прво ги гледате вашите „маани“
Никој не е целосно задоволен од својот изглед, но не треба премногу да се грижите поради тоа. Ако секогаш кога ќе застанете пред огледалото, прво ги забележувате своите маани и сето она што не ви се допаѓа кај себе, тогаш имате голем проблем со недостаток на самодоверба. Љубовта кон себе значи дека треба да ги прифатите и „добрите“ и „лошите“ страни на вашата личност.

Во врска сте со партнер кој очигледно не ве цени доволно
Невозможно е да трпите измама, запоставување и непочитување од партнерот и притоа да се чувствувате добро во љубовната врска. Љубовните проблеми речиси секогаш се претвораат во психолошки, а понекогаш и физички проблеми. Ако сте во врска во која се чувствувате како да не сте доволно ценети, веднаш прекинете ја и пронајдете партнер кој ќе може да ги задоволи сите ваши емотивни и други потреби и да се однесува кон вас со почит.

Не можете да кажете НЕ
Треба да поставите граница меѓу вашите интереси и интересите на другите, за да имате доволно време и енергија да си го посветите потребното внимание. Не е во ред секогаш да ги ставате другите пред себе, освен ако не се грижите за децата или за најблиските луѓе од вашата околина и немате друг избор освен да им помогнете.

Избегнувате конфликти по секоја цена
Расправиите се непријатни за повеќето луѓе и можат да остават големи последици врз вашата психичка состојба. Од друга страна, ниту претераното избегнување конфликти не е здраво. Колку подолго го одложувате донесувањето на тешки одлуки кои бараат договор и соработка, а често и жестока дискусија, толку повеќе ќе си нанесете штета на долг рок. Мора да научите да стоите зад вашите зборови, да бидете сигурни во себе и да не дозволувате другите да ве искористуваат и да манипулираат со вашите слабости.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.