Досега погодувавме што е тоа што мажите прво го забележуваат и која е идеалната жена за нив, а сега ви пренесуваме 5 карактеристики кои прават таква една среќница.
Дали некогаш сте се запрашале што најмногу ги привлекува мажите кај жените и што прво забележуваат кај нив?
Одреден тип на шминка – Иако повеќето мажи тврдат дека сакаат кога жените не се шминкаат бидејќи тоа ги прави да изгледаат поприродно, според едно истражување, жените кои се шминкаат почесто го привлекуваат вниманието на мажот. Но, тоа важи само за одреден тип на шминка. Жените кои носат „потемна“ шминка привлекуваат помалку внимание кај мажите и помала е веројатноста да бидат прашани на состаноци од мажите. Мажите всушност ги привлекува „неутрална и природна“ шминка.
Одредена големина на колковите – Ова всушност не е прашање на привлечност или изглед, туку на здравје и добра плодност. Жените кои имаат поголеми колкови и половина оставаат впечаток дека лесно можат да имаат деца, бидејќи го откриваат нивото на естроген во телото на жената.
Носење црвено – Црвената е боја на страста, па не е ни чудо што е привлечна за мажите. Жените кои носат црвено се посекси и попривлечни за мажите. Додека според студијата спроведена на Универзитетот во Рочестер, мажите ќе потрошат повеќе пари на состанок доколку жената со која се облече црвено, пренесува 24sata.hr.
Љубезност и грижа – Исто така е важно да се однесувате добро со другите мажи. Тоа им покажува дека жените добро реагираат на потребите и желбите на другите луѓе, што веднаш ги прави попривлечни. Тоа им покажува и дека имаат квалитети кои би ги направиле добри мајки .
Висок тоналитет на гласот – Додека на жените им е попривлечно кога мажите имаат длабок глас, мажите се сосема спротивно. Високиот тон на гласот им кажува на мажите дека оваа жена е многу женствена, во добра форма.
Пронајдете не на следниве мрежи: