5 класици што можете да ги прочитате во еден здив!

Читањето книга од класичната литература може да делува како голем предизвик. Таквите романи бараат вложување многу време, концентрација и ментална енергија. Меѓутоа, следниве 5 романи докажуваат дека книгата не мора да е долга за да биде значајна, фасцинантна, комплицирана и убаво напишана. Одберете некоја од следниве книги, направете си шолја кафе и нурнете во светот на класиците.

  • „Старецот и морето“ – Ернест Хемингвеј (The Old Man and the Sea)

Книгата „Старецот и морето“ е во голема мера заслужна за Нобеловата награда за литература што ја добил Хемингвеј во 1954 година. Станува збор за навидум едноставна приказна за еден стар рибар кој се обидува да улови голема риба марлин. Меѓутоа, ова дело го докажува фактот дека Хемингвеј е експерт за чистото и јасно пишување, без непотребни зборови. Иако е реална, приказната ги воведува читателите во ситуација каква што никогаш нема да сретнат во вистински живот.

  • „Метаморфози“ – Франц Кафка (Metamorphosis)

Ова можеби е најкраткиот роман на листата, но со оглед на тоа што книгите на Кафка се преполни со информации, веројатно ќе ви треба цел еден ден за да го прочитате. Приказната почнува со необјаснивата трансформација на главниот лик Грегор Самса во огромен инсект. Тој не можел да се врати во својата првобитна форма, па така книгата го истражува новиот живот на човекот како инсект.

  • „Сликата на Доријан Греј“ – Оскар Вајлд (The Picture of Dorian Gray)

Оскар Вајлд бил најпрво познат како драмски писател на комедии, но преку „Сликата на Доријан Греј“ тој дал критика на суетата што владеела кај луѓето од неговото време. Доријан Греј е млад и згоден човек кој сака да остане убав по секоја цена. Па така, иако тој води хедонистички живот и се однесува лошо со сите околу него, неговиот портрет старее наместо него. На почетокот, овој роман бил критикуван поради преголемата застапеност на сензуалност во него, но денес се смета за едно од најдобрите дела на Вајлд.

 

  • „Животинска фарма“ – Џорџ Орвел (Animal Farm)

Алегоричниот роман на Орвел ги опишува настаните од 1917 година за време на руската револуција, па затоа му било тешко да најде издавач, но книгата станала многу популарна подоцна. Орвел во книгата ги претставува Советските лидери како свињи кои ја преземаат фармата и воведуваат разни промени. Главниот негативец во приказната, свињата по име Наполеон, е алегорија за ликот на Сталин.

  • „Странецот“ – Албер Ками (The Stranger)

„Странецот“ од Албер Ками ја обработува филозофијата на апсурдот и егзистенцијализмот. Во него се работи за рамнодушниот Мерсо и за неговата трансформација пред одлучувачкиот момент во неговиот живот. Мерсо воопшто не се грижи за тоа што му се случува и романот завршува укажувајќи на бесмисленоста на постоењето. Овој роман бил прогласен за една од најдобрите 100 книги на 20-ти век.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.