четврток, 12 ноември 2026
Најново

5-минутно истегнување кое треба да го повторувате секое утро

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Можеби зафатениот распоред секој ден ви отежнува да вметнете тренинг од еден час, но за 5-минутно истегнување навистина немате изговор.
По сонот, на вашето тело му е потребно активно будење, а совршениот начин за потполно расонување е токму ова кратко истегнување од само 5 минути кое можете да го направите во удобноста на вашиот кревет.

Имено, истегнувањето ќе ви помогне да се ослободите од напнатоста и наталожениот стрес пред да го започнете новиот ден. Освен тоа, ќе ја “раздвижите” циркулацијата од самото утро и ќе си дадете време длабоко да дишете пред да започнете со дневните обврски.
Инаку, како што открива експертката за јога, Клер Грив, за “Style Caster”, истегнувањето и длабокото дишење ќе ви даде вистински наплив на енергија и ќе ве разбуди подобро од кафето.
Иако вашето тело се буди, вие всушност ќе се чувствувате потполно опуштено и смирено.
Во видето во продолжение погледнете како треба да изгледа утринското истегнување кое е соодветно за сите, без разлика на годините и физичката спремност:

Поврзани вести