5 потези кои ќе Ви помогнат да го воодушевите партнерот

После толку лоши и пропаднати љубовни состаноци конечно сте запознале некој кој има потенцијал да биде Ваш партнер и сакате работите со потенцијалниот партнер да се одвиваат полека.
Можно е да одите полека и работите да бидат интересни, бидејќи тоа Ви дава можност подобро да го запознаете партнерот и да воочите кои и какви заеднички интереси имате. Психолот Тери Орбуч истакнува дека за некои тоа е чекање да станете вистински пар, додека за некои тоа е само до моментот кога за првпат ќе имате секс.
За да не станете жртва на забуна или да бидете повредени важно е да имате неколку работи на памет.


Пробајте некои нови работи заедно
Кога работите се одвиваат полека го имате целото време на овој свет да уживате во забавувањето. Забавно е да се истражуваат нови работи, а испробувањето може многу да Ве зближи. Вашиот мозок реагира на нови работи како на изненадување и Ве прави да се чувствувате многу возбудено.
Споделете го она што го сакате со Вашиот нов партнер
Откривањето на компатибилностите се многу важни па терапевтот Ви предлага да ги делите Вашите интереси со личноста со која излегувате. Тоа ќе Ви помогне да се чувствувате покомфортно додека му помогнувате на партнерот малку подобро да Ве запознае.
Поставувајте му ги овие прашања
За подобро да го запознаете партнерот не е доволно само да го прашувате како му поминал денот и како му било на работа. За да знаете како личноста со која излегувате како размислува на долгорочен план поставете му прашања за иднината.


Пронајдете креативни начини да останете во контакт
Дури и кога намерно вложувате време и енергија во забавувањето со некој, сепак ќе бидете зафатени околу работата, семејството, пријателите…За да останете во контакт и работите да ги направите поинтересни користете технологија. Испраќајте си забавни, романтични пораки во текот на денот, па дури и гифови и шеги со кои заедно ќе се смеете.
Немојте да користите допишување како помагало
Допишувањето е многу пријатно, но не најдобриот начин да запознаете некој. Држете се со допишувањето на минимум и потрудете се да договарате датуми за излегување за да поминувате повеќе време заедно. Психологот советува да разговарате на телефон или да остварувате видео повици за да ја размрдате конекцијата. Повеќе ќе уживате во друштвото на другите лица отколку да анализирате што сакал авторот да каже со пораката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.