5 причини зошто сексот во базен е лоша идеја

Сите кои биле на одмор со партнерот барем еднаш посакале да имаат секс во базен. Можеби ви изгледа романтично и возбудливо во исто време, но подобро размислете уште еднаш. Сексот во базен може да звучи како добра идеја и е дел од фантазијата на многумина. Но, нашите мечти секогаш не се исполнуваат на посакуваниот начин. Прочитајте зошто не се препорачува да имате секс во базен.
1. Сексот во базен може да биде болен
Покрај тоа што повеќето лубриканти се базирани на вода, самата вода може да направи повеќе штета отколку што можете да замислите. Таа брзо го мие природниот лубрикант, па продирањето на партнерот почнува да предизвикува непријатни сензации.


2. Хлорираната вода е опасна за вагината
Изложувањето на хлор и други производи за чистење негативно влијаат на микрофлората на вагината – што често доведува до непријатност и инфекции.
3. Зголемен ризик од полово преносливи болести и бременост
Кондомите не се најдобра контрацепција за секс во базен. Кога сте во вода, постои поголема веројатност нешто да тргне наопаку во критичен момент, како на пример, кондомот да се слизне или да се искине од неприродното триење.
4. Не е хигиенски
Според една неодамнешна студија од Универзитетот Алберт, просечниот базен може да содржи до десет литри урина. Сигурно не сакате таа да влезе во вас!
5. Не е сè така гламурозно како на филм
Базените се тврди и лизгави површини. Потребен е само еден погрешен потег за да се повредите. Подобро е да не ризикувате, па практикувајте секс на копно, а потоа освежете се во базен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.