Слаткиот сок од манго има голем број корисни својства исто како што имаат соковите од останатите овошја. Мангото содржи витамини Б (Б1, Б2, Б5, Б6, Б9), витамини А, Е, Ц и Д и минерали: цинк, манган, железо и фосфор. Второ, мангото е одличен антиоксидант и плод што содржи многу влакна. Поради тоа, прочитајте ги петте причини зошто да го вклучите ова овошје во вашата исхрана.
5 причини зошто треба да јадете манго
Помага при варење на храната
Бидејќи мангото содржи многу растителни влакна, има позитивно дејство врз желудникот и врз цревата. Редовната употреба на овој плод го забрзува метаболизмот и ја елиминира хроничната опстипација.
Манго за слабеење
Мангото содржи малку калории и многу растителни влакна, па затоа е многу хранливо. Поради тоа, тие што сакаат да изгубат тежина треба да го внесат мангото во исхраната. Покрај тоа, мангото има корисен ефект врз функционирањето на желудникот, што е исто така важно за слабеење.
100 грама манго содржи 67 калории.
Помага при депресија
Мангото е исто така корисно за борба против депресијата. Ова овошје содржи растителен ендорфин – супстанција која го подобрува расположението, па затоа е еден вид антидепресив кој ја ублажува нервната напнатост. Исто така, ова овошје е добар афродизијак што еднакво дејствува и кај и мажите и кај жените.
Манго за убавина и младост
Ова овошје е идеален избор за оние што се грижат за својата убавина и младост. Мангото содржи витамини А и Ц кои се вклучени во создавањето колаген – протеин кој обезбедува еластичност на кожата.
Имајте на ум дека е многу ефикасно да направите домашни маски за лице од манго. Витамините и минералите што се наоѓаат во мангото се исто така важни и за здравјето и за убавината на косата.
Свежо или сушено манго
Сушеното манго може да биде соодветна алтернатива за свежото. Но, имајте на ум дека содржи повеќе шеќер и повеќе калории. Сто грама сушено манго има околу 350 калории, а во свежото овошје има 67 калории. Сепак, и сушеното манго го има потребното ниво на влакна, но треба да се јаде во умерени количини.