Временската прогноза и тоа како влијае врз сексуалниот живот, а на претстојните минус температури треба да им се радувате. Бројни истражувања покажаа дека шансите за секс во зима се многу поголеми, отколку во остатокот од годината, а еве и зошто.
1. Потребна Ви е топлина
Истражувањата покажуваат дека луѓето за време на студените месеци помалку учествуваат на јавни настани отколку во остатокот од годината, од едноставна причина, бидејќи е студено. Во зима сакате да се стоплите со Вашиот јорган, да застанете покрај панелите, а добредојден е и секој друг извор на топлина, па така и туѓото тело.
2. Жените им се попривлечни на мажите во зима
Едноставно истражување во Полска дојде до заклучок дека мажите за време на студените месеци сметаат дека жените се попривлечни во зима отколку кога е потопло. Причината е сосема логична, во зима жените носат повеќе облека, поради што мажите многу подобро реагираат на малку кожа која ќе успеат да ја видат. Во лето сè е поопуштено и има повеќе разголување па интересот е помал.
3. Мажите во зима се повеќе сексуално возбудени
Уште една промена поврзана за годишното време-истражувањата покажаа дека поради промена на начинот на спиење и временските услови, количината на тестостерон кај мажите е најголема во декември. Тестостеронот ја одредува и желбата за секс, поради што мажите во зима се повеќе возбудени.
4. Сите се повеќе депресивни
Нашите тела за време на месеците со помалку сонце произведуваат помалку серотонин, односно хормонот за среќа кој го контролира нашето расположение, поради што во зима сме повеќе депресивни. Со самото тоа повеќе сме склони во потрага на некој кој ќе нè направи среќни.
5. Рекламите можат да Ве заразат
Рекламите кои прикажуваат семејства, љубов и сите останати содржини кои ги прават зимските месеци потполи во преносно значење можат да Ве убедат дека потребна Ви е и друга половина. Поради тоа во зимските месеци луѓето често се одлучуваат да стапат во врска со цел сè повеќе да се приближат кон романтиката од рекламите.