5 пролетни намирници кои ќе ви помогнат да ослабете

Од ден на ден свежото овошје и зеленчук е се поголемо и подобро. Не ги пропуштајте здравите закуски кои природата ни ги нуди. Покрај тоа што се неверојатно вкусни, можат да бидат подготвени на различни начини, имаат малку калории, а се преполни со антиоксиданси. Ви ја претставуваме величествената петорка:
Аспарагус
Вкусен е на скара со малку маслиново масло, бибер и сок од лимон, во омлет или како гарнир за било месо. Природен диуретик кој го исфрлува вишокот на вода од телото, и е богат со витамин Ц, фолна киселина, калиум, витамин А и диетални влакна инулин, кои ги хранат добрите бактерии во желудникот кој е, всушност, природен пробиотик. Тој не содржи масти, а една чаша на аспарагус има само 27 калории. Оваа намирница е совршена за оние кои сакаат да ослабат и да јадат здрава исхрана.
Спанаќ
Може да се фрли во салата, парен служи како гарнир со риба или мешавина во пијалак со малини или друго овошје. Тој е богат со магнезиум, железо, растителни протеини, витамин А, фолна киселина, витамин Е и диететски влакна. Една чаша спанаќ има само 7 калории.
Морков
Нутриционистички гледано, морковот е меѓу најмоќните зеленчци. Поради комбинацијата на витамин Ц, магнезиум, витамин А и влакнаж, придонесува за здравјето на организмот во целина, но, исто така,  и за убавината затоа што кожата станува посветла, а ноктите поцврсти. Природно е сладок и е добра состојка за здрава колачи, и одлична замена за грицки кои обично имаат многу калории и полни се со масти.
Mангел
Варен и зачинет со маслиново масло со малку лук и варени компири или во комбинација со солена риба, оваа сестрана намирница го збогатува секој сад. Таа содржи многу магнезиум, железо и витамин Б. Во сто грама има само 19 калории.
Малини
Вкусни и добри за линијата. Тие се богати со витамин Ц (содржат 44 проценти од дневните потреби) и антиоксиданси. Својата антиоксидансна активност се губи ако се замрзнат или направат во форма на џем. Сто грама свежи малини имаат само 52 калории. Даваат чувство на ситост.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Од ден на ден свежото овошје и зеленчук е се поголемо и подобро. Не ги пропуштајте здравите закуски кои природата ни г

Пронајдете не на следниве мрежи: