5 работи што не треба да ги ставаме во микробранова печка

Храната што се загрева во микробрановата печка е безбедна за консумирање, а користењето на овој апарат за домаќинство ви заштедува време во многу ситуации. Како и да е, не треба да ја користите постојано, а некоја храна не треба дури ни да ја ставате во микробрановата печка.
5 работи што не треба да ги ставаме во микробранова печка
1. Свежи јајца со лушпа
Сосема е во ред ако одлучите да ги загреете јајцата, но само откако ќе ја скршите лушпата. Не обидувајте се да направите варено јајце во микробрановата печка, бидејќи изложеноста на висока температура може да доведе до акумулација на пареа под лушпата и нејзино пукање.
2. Овошје со висока концентрација на вода
Не се препорачува да се загрева овошје со висока концентрација на вода, бидејќи може да експлодира и да создаде дополнителен проблем за вас. Долку сакате да загреете овошје како круша, праска или слива, најдобро е да го исечете пред да го ставите во микробрановата печка.


3. Замрзнато месо
Ако ја користите микробрановата печка за одмрзнување на месо, тогаш мора да го зготвите веднаш. Министерството за земјоделство во САД открило дека кратко време по одмрзнувањето, бактериите почнуваат да се формираат во „потоплите“ делови на месото, предизвикувајќи месото да се расипе.
4. Храна покриена со алуминиумска фолија
Алуминиумската фолија во микробрановата печка може да предизвика пожар. Затоа, пред да ја загревате храната, не заборавајте да ја отстраните фолијата.
5. Пуканки во кафена хартиена вреќичка
Сигурно сакате да ги избегнете индустриски пакуваните пуканки, па користите кафена хартиена вреќичка што ја имате дома. Не правете го тоа, бидејќи било кој лепак или мастило на вреќичката може да ослободи штетни гасови, а хартијата може и да се запали.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.