Појадокот е најважниот оброк во денот. Правејќи мали промени, вие можете да го направите својот појадок многу поздрав и да му помогнете на вашиот организам да биде подобро подготвено за извршување на секојдневните активности. Ви откриваме пет начини преку кои можете да си го направите појадокот поздрав и поубав.
1. Заменете ги овошните сокови со вистинско овошје.
Овошните сокови содржат многу шеќери, што доведува и до зголемување на шеќерот во крвта. Наместо да испиете еден таков овошен сок, земете парче овошје или неколку овошки и изедете ги за појадок. На тој начин ќе ги внесете и потребните влакна кои ќе ви овозможат подолго време да останете сити и да не чувствувате глад.
2. Додадете протеин
Утринската количина на протеин која ја консумирате му ја дава енергијата на телото која му е потребна за извршување на секојдневните активности и нормално функционирање. Добар избор за протеински појадок би биле јајца, бидејќи можете да ги подготвите на повеќе начини. Меѓу другото. може да косумирате и јогурт, киноа, овесни снегулки или кашкавал.
Уште еден уште поедноставен начин да консумирате доволно количество на протеин е преку протеински шејк, протеински барчиња или супа.
3. Избегнувајте процесирана храна
Пецивата се брз и лесен избор за појадок, но не се победничка комбинација. Тие се најчесто високо-процесирана храна од која што повеќето хранливи вредности се отстранети. Многу брзо по јадењето на оваа храна, вие повторно се чувствувате гладни бидејќи тие не ви овозможуваат да ги внесете потребните нутритиенти.
4. Внимавајте на големината на порциите
Да, вистински предизвик е да одолеете на големите порции од вкусната храна. Често окото не лаже дека јадеме малку бидејќи храната ни е сервирана во поголеми чинии. Наш совет е да си ја сервирате храната во помали чинии, така што порцијата ќе изгледа поголема.
5. Здрави масти
Знаеме дека постојат различни видови на масти, некои здрави, а некои не. Вклучувањето на здрави масти во вашиот појадок може да му помогнат на телото да апсорбира повеќе витамини. Овие здрави масти исто така ќе му помогнат на организмот при создавање на клеточните мембрани, спречуваат воспалителни процеси и ги регулираат хормоните.