5 совети како да го најдете совршениот маж

Преиспитајте го вашиот пристап кон запознавање момци и можеби ќе дознаете каде грешите …
Кој не сонува за совршен маж! Сепак, ќе мора да ве разочараме – тој нема сам по себе да се појави пред вашата врата. Со цел да ви ја поедноставиме потрагата, ние ви нудиме неколку совети со кои полесно ќе можете да го пронајдете мажот за кој мечтаете.
Пријдете му на момчето кое ви се допаѓа
Колку често ви се случува да ви се допадне некое момче кога ќе излезете? Веројатно не толку често. Значи следниот пат кога ќе снимите симпатично момче, собирете храброст и пријдете му. Наместо да чекате на неговиот прв чекор, бидете вие иницијатор и нека знае дека ви се допаѓа. Не е на одмет ниту директно му кажете како се чувствувате.
Барајте го на вистинските места
Морате да дефинирате каков тип на момче ви се допаѓа, а потоа размислете за тоа каде таквите момчиња излегуваат. Запрашајте се дали во клубот каде „висите“ секоја сабота навистина може да запознаете некој по ваша желба? Многу е можно ако досега сте се движеле на погрешно место, што не одговара на профилот на момчето кој го посакувате, да е причина за вашиот неуспех.
Ако сакате некој кој физички изгледа добро и се грижи за своето тело, можеби салата е место за вас. Сериозни, работливи момци се движат на посериозни места и ресторани, опуштените, забавни ликови можете да ги најдете во кафулето во соседството.
Променете ја визијата на запознавање
Жените не сакаат да му пријдат на некое момче, бидејќи се уште владее мислењето дека така би биле премногу нападни или делуваат очајно. Покрај тоа, се очекува дека вистинскиот маж секогаш треба да го направи првиот потег. Но, заборавете на тие предрасуди –  девојката која ќе му пријде на момче во некое кафуле, е навистина кул, самоуверена и храбра!
Тоа што сте започнале разговор со него, не значи дека го бркате или очајно сакате да запознаете некого. Наместо тоа, движете ја топката во насока да му дадете на знаење дека би сакале тој да биде оној кој ќе трча по вас.
Уживајте во состанокот
Најкатастрофално за првиот состанок може да биде недостаток на разговор. Почетокот е најризичен, а како што одминува времето вие сте порелаксирани и разговорот си зазема свој тек. Но, внимавајте да не помине разговорот зборувајќи за неважни нешта.
Размислете за момент пред да му одговорите или пред да се надоврзете на неговата приказна. Кратки прашања и одговори околу кои приказната не може да се прошири, ќе ве однесат до ќорсокак, а потоа ќе влетате во непријатна тишина.
Заборавете на правилата
Не играјте игри со него. Тој став е застарен, и може да биде опасен ако сакате нешто повеќе со тоа момче.
Оваа тактика е лоша поради тоа што не функционира кај добрите момчиња, или оние кои сакаат посветена врска. Игра од типот на топло-ладно, ќе привлече само типови какви што сакате да избегнете – неодговорни во потрага по авантури со краток рок. Сериозните момци не сакаат игри или девојки кои сакаат да ги играат.
Наместо да глумите недостижни, бидете опуштени, дружељубиви, атрактивни и отворени за нови можности.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Преиспитајте го вашиот пристап кон запознавање момци и можеби ќе дознаете каде грешите …

Пронајдете не на следниве мрежи: