5-те здравствени придобивки од среќата

Секоја личност која е незадоволна од животот ќе ви каже дека среќата е преценета. Но среќата не само што е добра за нашето психичко здравје, туку му годи на целото наше тело. Погледнете кои се здравствените придобивки од среќата.
5-те здравствени придобивки од среќата
1. Подолг живот
Едно 30-годишно истражување кое завршило во 2015-та година, го проучувало влијанието на среќата врз животот на 32.000 испитаници. Кај несреќните луѓе, ризикот од смрт бил за 14% поголем за разлика од среќните. Позитивниот став кон животот и она што го нарекуваме среќа има навистина добро влијание на долговечноста.


2. Контрола на стресот
Стресот го зголемува нивото на кортизол во телото, што пак води до дебелеење, проблеми со спиењето, дијабетес тип 2 и висок крвен притисок. Истражување во кое учествувале над 200 луѓе, покажало дека нивото на кортизол е за 32% пониско кај луѓето кои сметаат дека се среќни. Се покажало дека среќните луѓе произведуваат помалку кортизол во стресни ситуации.
3. Зајакнување на имунитетот
Добриот имунитет е клучен за здрав организам. Научниците спровеле истражување во кое над 300 здрави луѓе кажувале дали се сметаат за среќни. На основа на нивните одговори, испитаниците биле поделени во две групи, а потоа биле заразени со грип. Се покажало дека поголем дел од несреќните луѓе се разболеле.


4. Здрав начин на живот
Задоволните и среќни луѓе посегаат по здрава храна, минуваат повеќе време во природа и се рекреираат. Истражување спроведено на над 7.000 возрасни личности покажало дека луѓето со позитивен поглед кон светот јадат повеќе овошје, зеленчук и интегрални продукти и дека спортуваат барем 10 часа неделно. Здравата исхрана го намалува ризикот од дијабетес, инфаркт и мозочен удар. Редовната физичка активност ги зајакнува коските, мускулите и лигаментите, го зголемува нивото на енергија, го намалува крвниот притисок и ја регулира телесната тежина.
5. Здраво срце
Високиот крвен притисок е главна причина за срцеви заболувања. Едно истражување во кое учествувале над 6.500 луѓе постари од 65 години, покажало дека среќните луѓе имаат околу 9% понизок крвен притисок. Друго истражување покажало дека позитивниот став им помага на луѓето побрзо да закрепнат после инфаркт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.